Според објавениот конкурс од страна на Министерството за образование и наука, на СОУ “Коста Сусинов” покрај изборот на постоечките гимназиски паралелки, му се одобрени и следниве нови профили:

  • Од Геолошко-рударската и металуршка струка е одобрена една дуална паралелка со профил – Геолошко-рударски техничар;
  • Од Машинска струка е одобрена паралелка со профил Машински техничар;
  • Од Електротехничка струка се одобрени две паралелки (една на македонски и една на турски наставен јазик) со профил Електротехничар-енергетичар.

Сите овие профили во стручното образование се со траење од четири години.

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ЗАПИШАНИ ВО НОВИТЕ СТРУКИ ВО НАСТАВНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Според соопштувањата на Министерството за образование и наука за сите ученици кои ќе одберат некои од понудените стручни профили, а со цел мотивирање на учениците да го одбираат средното стручно образование, за прв пат од новата учебна 2021/2022 година се воведуваат 2.200 стипендии за сите оние кои ќе се запишат во прва година во средно стручно училиште и од нив, 2000 стипендии во месечен износ од 3.500 денари ќе бидат наменети за ученици запишани во дуалните паралелки во четиригодишното образование, како и за ученици запишани во тригодишно образование, додека 200 стипендии ќе бидат наменети за ученици запишани во дефицитарни струки како електро-техничка, машинска, итн.

Затоа апелираме до сите ученици од деветтите одделенија кои се наоѓаат на крстосница од нивниот пат за професионално образување, да ја разгледаат оваа ретка можност и да одберат еден од стручните профили кои нашето училиште има чест да ги понуди. За повеќе информации можете да ја консултирате страната на Министерството https://mon.gov.mk/content/?id=3854 каде има подетални објаснувања.

ШТО Е ТОА ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА И ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ???

За прв пат нашето училиште СОУ “Коста Сусинов” воведува нов модел на образование, поточно т.н. дуална паралелка за профилот геолошко-рударски техничар. Преку овој принцип се подразбира воспоставување на потесна врска на соработка меѓу нашето средно стручно училиште и приватни компании од општина кои работат во оваа област (Бучим ДОО и ДПТУ Боров Дол, Радовиш), и коишто ќе имаат поактивна улога во практичната настава на учениците. Истиот модел би подразбирал многу повеќе практична работа и има за цел да им помогне на учениците да се оспособат со вештини со кои побргу ќе се вработат, а компаниите од своја страна полесно ќе го најадат кадарот што сега е дефицитарен. Со едноставни зборови, дуалното образование е систем во кој практикантствата во една компанија се комбинираат со училишни часови во стручно училиште. Ова е од голема важност бидејќи таквото комбинирање придонесува за развој на високо квалитетни практични вештини кои ги бараат работодавците т.е. компаниите.  Целиот концепт е базиран врз швајцарскиот и германскиот дуален модел на образование и има за крајна цел да обезбеди квалификувани кадри уште во текот на самиот образовен процес.

Многу повеќе за дуалниот образовен систем можете да најдете на следните линкови:

https://www.e4e.mk/da-povtorime-shto-e-dualen-sistem-za-struchno-obrazovanie-i-obuka-soo-i-zoshto-e-tolku-mnogu-znachaen/?fbclid=IwAR2T9tfLDiWR3XUNdBC36Xa6lf47hNTMEPK7_auAvYy5geFktrHtwKynqsc

https://www.dw.com/mk/дуалното-образование-надеж-за-македонската-економија/a-49208451

Превод »