На 21. Март 2017 г. со еколошки акции во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш беше одбележан Денот на пролетта и Денот на екологијата. Учениците ги чистеа дворовите на училиштата, а ги средуваа и внатрешните простории. Тие сметаат дека сите ние треба да ја чуваме животната средина.
„Не треба да се загадува околината туку треба да ја чуваме чиста животната средина и да не фрламе ѓубре насекаде околу нас туку на определните места за тоа“
Професорите истакнаа дека преку целата година активно работат со учениците на тема заштита на животната средина организирајќи различни еко акции.
На одбележувањето на денот на еколошката акција на младите во Македонија се вклучи и нашето училиште. Учениците го исчистија училишниот двор и училиштето во внатрешниот дел. Учениците учествуваа и во изработка на хамери на кои беа испишани еко пароли кои беа прикачени во училиштето. Тие имаат за цел да ја подигнат еколошката свест на учениците.