Повик за натпревар за најдобар ПОСТЕР на МАССУМ Образовното Рандеву 2016

ПОВИК

За натпревар за најдобар ПОСТЕР на МАССУМ Образовното Рандеву 2016

Се повикуваат сите ученици на СОУ “ Коста Сусинов ” да учествуваат на овој натпревар индивидуално или во тим. Тимот може да содржи до 3 ученика.

Секој ученик или тим треба да се пријави за учество

кај проф. Наташа Спасевска ( nspasevska@yahoo.com )

најдоцна до 18 ти ФЕВРУАРИ 2016

СИТЕ ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИСУТНИ ВО УЧИЛИШТЕТО НА

18 ти ФЕВРУАРИ ( четврток ) во 13 часот

( во инклузивната училница )

( Ќе добијат инструкции и насоки за изработка на постерот кој треба да бидат изработен најдоцна до 27 февруари во .pdf формат. Целта на овој натпревар е преку развој на сопствено креативно решение да се изрази и пренесе мисијата на МАССУМ до соодветните општински чинители. )

Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку водство, практична работа и учење.

Сертификати и награди за најдобрите ќе бидат обезбедени од страна на УСАИД Јес Мрежа проектот.

Превод »