ПОВИК

 За натпревар за најдобро  КАРИЕРНО  ПОРТФОЛИО  на МАССУМ Образовното Рандеву 2016

 

Се повикуваат сите ученици на СОУ “ Коста Сусинов ”  да учествуваат на овој натпревар индивидуално. Нашето училиште може да го претставуваат најмногу 3 ученика.

Секој ученик  треба да се пријави за учество

кај проф. Наташа Спасевска  ( nspasevska@yahoo.com )

најдоцна до 18 ти ФЕВРУАРИ 2016

 

СИТЕ ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИСУТНИ ВО УЧИЛИШТЕТО НА

 18 ти ФЕВРУАРИ  ( четврток ) во 13 часот

( во инклузивната училница )

 ( Ќе добијат инструкции и насоки за изработка на кариерното портфолио кое треба да биде изработено најдоцна до 20 март во електронска форма и да биде достапно on-line. Целта на овој натпревар е учесниците да видат како новите технологии можат да се користат за промоција и презентирање на сопствените вештини, знаења и постигнувања. )

Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку водство, практична работа и учење.

Сите учесници на овој натпревар ќе добијат сертификат за учество од USAID YES Мрежа проектот. Наградите за најдобрите ќе бидат обезбедени од бизнис партнери на проектот и од МАССУМ.

Превод »