kostasusinov logo 1 logo ryco

 

 

 

 

 

Извештај од реализација на работилница за изработка на мултимедијална презентација во рамките на проектот “Youth in charge of the world”

 Славица Атанасова која беше ангажирана од страна на тимот од наставници одговорни за проектот ”Младите одговорни за светот”,  во просториите на СОУ “Коста Сусинов” на 19.10.2018  година, реализираше работилница во која главната цел беше учениците да научат како да изработат успешна мултимедијална презентација. На работилницата присуствуваа учениците кои се таргет група на проектот и која ја сочинуваат 34 ученици од нашето училиште.

Најпрво наставникот Славица Атанасова ги поздрави учениците и им кажа со што ќе се запознаат на работилницата. Преку неколку прашања на кои одговараа присутните ученици беше утврдено колку тие имаат познавања и вештини за изработка на мултимедијална презентација и кои од учениците претходно имаат изработувано презентација.

Потоа следуваше презентација со насоки и упатства за изработка на успешна мултимедијална презентација. На почетокот од презентацијата им беа претставени 6 чекори за изработка на успешна презентација, а потоа им беше објаснето кои се нивните задачи и активности. Учениците добија задолженија да истражуваат и да најдат податоци за Македонија, Градот Радовиш, СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш и за воннастаните активности на учениците.

Следуваше поделба на учениците во 5 групи т.е формирање на работни тимови од ученици, при што секој од работните тимови доби задолженија. Тимот „Истражи ја Македонија“ доби за задача да пребарува и да најде податоци за историјатот, местоположбата и природните убавини на Македонија. Тимот „Зошто го сакам Радовиш?“ доби задача да изработи видео со убавините на градот Радовиш и местата кои вреди да се посетат. Тимот „Моето училиште…“ доби за задача да најде податоци за училиштето (историјат, мисија, визија и сл). Тимот „Што после часовите?“ доби задолеженија да истражува за воннаставните активности на учениците. И последниот тим „Implementation team“ доби задолжение од сите прибрани податоци да изработи мултимедијална презентација.

На крај беше побарано од учениците да дадат свои размислувања за изработката на презентацијата, како и да споделат свои идеи.

На посетата беа присутни наставниците кои се одговорни за проектот ”Младите одговорни за светот.“, Венка Тадирова, Наташа Спасевска, Катерина Сусинова и Нина Железарска.

Во прилог се дел од фотографиите од самата работилница:

 

Превод »