Резултати од Образовното Рандеву на МАССУМ 20 – 21 април 2018

РЕЗУЛТАТИ
Од Образовното Рандеву на МАССУМ 20 – 21 април 2018
Факултет за туризам и менаџмент – Скопје

Околу 60 ученици и оваа година учествуваа во 16 категории и тоа:
– натпревар во јавен говор,
– интервју за работа на македонски и англиски јазик,
– маркетинг план,
– најдобар постер,
– најдобра веб страна,
– најдобра видео реклама,
– најдобра фотографија,
– најдобар филм,
– најдобра драмска претстава,
– најдобра поетска творба,
– најдобро онлајн кариерно портфолио,
– најдобар бенд и соло изведувач,
– најдобар штанд,
– како и во спортските натпревари по серва,
– пинг понг и
– баскет.

Учениците долго време посветено и ангажирано работеа на категориите под менторство на своите професори: Рушка Евтимова, Нина Железарска, Сања Маринковска, Наташа Спасевска, Катерина Диманова, Славица Атанасова, Билјана Теохарева Филипова, Миле Арсов, Сашо Ристов, Венка Тадирова, Миле Коцев, Иванка Спасова, Љупче Атанасов и Катерина Сусинова.

31351400_10155686617193869_280286868497498112_n

И оваа година учениците од СОУ Коста Сусинов од Радовиш триумфираа со 6 освоени места

1. I место – најдобар постер
изработен од Петар Јакимов и Давид Даневски
ментор Наташа Спасевска (официјален постер на страната на МАССУМ www.masum.org.mk )

2. I место – интервју за работа на македонски јазик
Ученичка Стефанија Ристова
Ментор Нина Железарска

3. I место – најдобра – пинг понгарка
Ученичка Катерина Даова
Ментор Љупче Атанасов

4. II место – најдобар штанд
– геолошко-рударска и металуршка струка, ментор Венка Тадирова
Ученици: Бојан Василев, Доуш Мемишов, Сара Коцева, Светлана Илиева

  • електро-техничка струка, ментор Саше Ристов
    Ученици: Давид Илиев, Тиме Димов, Стивен Аврамов и Ристе Поцев.

5. III место – најдобар филм Lost & Found

Ученици- Стефан Коцев, Симона Лазарева, Ѓорге Мандаџиев и Глорија Илиева.
Ментор – Катерина Сусинова

6. III место – најдобра поетска творба
Ученичка Викторија Митева
Ментор – Сања Маринковска
Образовното рандеву оваа година како и сите претходни покажа дека децата имаат многу способности кои треба и сакаат да ги покажат во вон-наставни активности.

Честитки за вредните ученици и нивните ментори!

Превод »