Сара Спасова од СОУ „Коста Сусинов“ со најдобар есеј на странски јазик на настанот „Јазикот и неговата комуникациска моќ“

„Јазикот и неговата комуникациска моќ“

е насловот на настанот организиран од страна на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на кој нашата ученичка Сара Спасова под менторство на професорката по француски јазикЛили Георгиеваосвои прва награда за најдобар есеј на странски јазик.

30420070_10211097718348176_4271319100310790281_o
На 4 април 2018 година во Мултимедијалниот центар при УГД, се одржа настанот „Јазикот и неговата комуникациска моќ“ на кој присуствуваа љубителите на јазикот од 17 до 77 години и на кој им беа понудени незаборавни педесетина минути посветени на моќта на јазикот. Беше приредена неверојатна јазична гозба со глума, музика, цитати и изложба на цртежи од средношколците учесници на конкурсот при што се потенцираше моќта на јазикот.

29793532_1009808182500968_4668700287647612928_o

На наградниот Конкурс организиран од Филолошкиот факултет при УГД, биле пријавени 140 есеи по македонски јазик, околу 50-тина на странските јазици (англиски, германски, италијански, француски, турски, руски и шпански јазик) и околу 60-тина цртежи.

Честитки за ученичката и менторот.

Превод »