СОУ „Коста Сусинов“ домаќин на регионалниот натпревар по физика за учениците од Регион 4

На ден 16.4.2016 година нашето училиште беше домаќин (организатор) на 49. Регионален натпревар по Физика за учениците од основните и средните училишта од Регион 4.

12992994_10206296210259349_2014842522_n

На натпреварот учествуваа околу 110 ученици од Регион 4 т.е од основните и средните училишта од Радовиш (СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш), Богданци, Струмица, Валандово, Гевгелија, Демир Капија, Дојран и помалите места.

regionalen natprevar po fizika vo sou kosta susinov (14)

Горди сме на нашите 9 ученика од I, II, III и IV година кои беа претставници на нашето училиште. Голема пофалба за ученичката Маринела Стоименова од III-6 клас која освои Пофалница и се пласира на Републичкиот натпревар по физика кој ќе се одржи на 7.6.2016 г. во Скопје под менторство на професорката Славица Ѓоргиева.

Честитки до ученичката и менторот
Им посакуваме многу успех!

Превод »