Ученици од СОУ „Коста Сусинов”, учесници во проектот BRAVE, под менторство на проф. Венка Тадирова и проф. Катерина Сусинова, го одбележаа 21. Март – Денот на пролетта, преку акција на засадување сезонско цвеќе – лале, нарцис и темјанушка – со цел да го разубават училишниот двор и да пренесат порака да се сака и чува природата.
Кон акцијата се приклучија и други ученици кои сакаа да помогнат, како и директорот г-н Миле Арсов и професорот по биологија Славе Трајанов, кои засадија повеќегодишни стебла – јавор и чемпрес.
“Природата не е место кое треба да се посети, таа е нашиот дом!”