Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ учествуваа на Образовното Рандеву на МАССУМ во Скопје

И оваа година учениците од СОУ „Коста Сусинов“ учествуваа на Образовното Рандеву на МАССУМ, на 22-23 април 2016 во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје. Честитки и пофални зборови за вредните и посветени ученици и ментори – учесници.

Покрај активното учество учениците се стекнаа и со награди и освоени места:

1. I место – најдобра web страна

Ученици: Борис Тадиров, Давид Ристов, Мартин Костадинов
Ментор: Славица Атанасова

2. II место – најдобар филм

Ученици: Олгица Крстева, Ивана Ѓозева, Никола Здравковски, Александар Каранфилов
Ментор: Билјана Теохарева Филипова

3. II место – најдобар штанд

Ученици: Марјан Тодоров, Божин Ристов, Васе Василев, Јордан Стојанов, Влатко Васев, Трајче Коцев, Онур Алиов, Микерем Јашарова
Ментори: Ѓорге Лахтов, Сашо Ристов

Massum 2016 Skopje - ucenici od SOU Kosta Susinov (2)

Инаку, оваа година околу 60 ученици од СОУ „Коста Сусинов“ се натпреваруваа во 17 категории. Покрај наведените категории тие се натрпеваруваа и во: јавен говор, интервју за работа на македонски и англиски јазик, маркетинг план, драмска претстава, избор на најдобар постер, најдобра реклама, поетска творба, најдобро online кариерно портфолио, модна ревија на која ги претставија најдобрите маски од нашиот предновогодишен маскенбал. Нашите ученици учествуваа и во дел од спортските натпревари: серва, пинг понг и баскет.

Massum 2016 Skopje - ucenici od SOU Kosta Susinov (7)

Учениците долго време посветено и ангажирано работеа под менторство на своите професори Валентина Ристова, Наташа Спасевска, Катерина Диманова, Даниела Ѓоргиева, Василка Митева, Миле Арсов, Миле Коцев, Иванка Спасова, Игор Конзулов и Дејан Милчевски.

Образовното рандеву и оваа година како и секогаш покажуа дека децата имаат многу способности кои треба да ги покажат во вон-наставните активности.

Превод »