Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ учесници на Фестивалот “Be Creative – Be Interactive – Be Interethnic”

3На 17. и 18. февруари 2017 дваесеттина ученици од нашето училиште предводени од професорите Маја Сулева и Катерина Диманова учествуваа на ученички камп во хотел Континентал во Скопје. На 18. февруари 2017 во Младински културен центар се одржа второто издание на Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики “Be Creative – Be Interactive – Be Interethnic” од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието имплементиран од страна на Македонски центар за граѓанско образование.

На фестивалот истите ученици учествуваа со претставата „Сите ние сме еднакви “. На фестивалот земаа учество и учениците од СOУ „Моша Пијаде“ Тетово со преставата „Партија шах“, учениците од СOУ „Кочо Рацин“, Свети Николе со претстава „Лет во слободна зона“ , учениците од СОУ,, Наум Наумовски Борче “, Крушево со претстава „Локум ем целуфки“ и учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија со претстава „Гевгелија рамна кути тепсија“.

6Фестивалот е резултат од реализираните креативни работилници и креативни корнери од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Овие креативни процеси, низ кои поминуваа средношколци од Република Македонија, во изминатиот период, имаат за цел да го зајакнат учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и да ги зголемат граѓанската свест и почитувањето на човековите права меѓу младите луѓе во Македонија преку креативен пристап и израз (користење на уметноста, социјалните медиуми и новите технологии – театар, филм, танц, визуелна уметност, фотографија, Интернет, Facebook, Twitter, блогови итн.). Второто издание на фестивалот има за цел да биде практичен и добар пример на оние кои сакаат на креативен начин да работат со младата генерација. Рамката на работа која се употребуваше во креативните процеси во овој проект, може да функционира како насока за слични иницијативи и во иднина. Фестивалот е наменет на оние кои веруваат во креативноста и во користењето на уметноста, како потенцијал кој може да го придвижува општеството во некакви позитивни насоки. Направен е и за оние кои веруваат во потенцијалот на младата генерација и кои веруваат дека со насочување на креативниот потенцијал кој го поседуваат младите, низ добро обмислени и дефинирани методологии, може да се прават промени.

Превод »