Во нашето училиште се снимаше едукативно видео на тема Врсничко насилство – Булинг.

Во изработката на видеото учествуваа повеќе ученици од II и III година.

Секое дете е приказна за себе. Тргнувајќи од дома кон училиштето си размислувам како ќе си поминам денес. Дали ќе бидам исполнет и среќен? Секогаш во очите ни се оние кои се поразлични од нас. Но, зошто да биде така!

Денес измами насмевка кај твојот соученик, а не рана на неговата душа!

Превод »