Едно големо браво за вредните ученички од III-2 клас: Марија Прастова, Верица Георгиева и Косара Ѓорѓиева, како и за нивниот ментор, Катерина Сусинова!

Во изминатите 2 месеци ученичките вредно работеа и го создадоа моделот Doctor Queen.

Со овој модел тие ни порачуваат:

Инспирирани од моменталната Ковид-19 ситуација , а со цел да ја заштитиме природата со реупотреба на отпадот, ние собравме 300 најлонски кесиња, 30 блистери од апчиња, 5 рентгенски снимки, 10 цевки, 50 отварачи од лименки, парче стара завеса, и алуминиумска фолија  и ја создадовме “Doctor Queen”!

“Doctor Queen” е супер херој која ќе им помогне на сите со нејзините супер моќи: трпеливост, љубов и стручност!

Ние веруваме дека сите доктори на денешнината треба да бидат кренати на пиедестал како кралеви и кралици, и затоа им искажуваме најголема почит преку нашата “Doctor Queen”!

Ученичките ќе добијат Сертификат  и ќе бидат наградени со безжични полначи за мобилен телефон, а за менторот следува вредносен ваучер од 3000 денари од “Божиновски-часовници и накит”.

Им честитаме на постигнатиот успех, и се надеваме дека оваа награда ќе им биде мотивација и понатаму вредно да креираат и творат во разни области од нивниот живот!

Во прилог може да го проследите линкот од онлајн настанот Trash Fashion 2020.

Превод »