Во саботата на 15.09.2018 година од страна на нашето училиште СОУ “Коста Сусинов” Радовиш беше спроведена еколошка акција како национална акција за чистење на отпадот во пресрет на светскиот ден на чистење.
Во акцијата учествуваа голем дел од нашите ученици под раководство на директорот, г-н Гоце Лазаров, координаторот на еко одборот, проф. Катерина Сусинова и професорите кои предаваат Спорт и спортски активности.
Акцијата беше успешно спроведена во училишниот двор и околу нашата гимназија.