Декорирање и украсување на кабинетот по физика, пишување цитати од познатиот физичар Алберт Ајнштајн со заедничка соработка на учениците од сите етнички групи- активност во рамките на проектот за меѓуетничко интегрирано образование
Општа цел на активноста: Декорирање и украсување на кабинетот по Физика со заедничка соработка на учениците од сите етнички групи од втора година.
Вид на активноста : Подолготрајна воннаставна активност на наставниците со учениците, во склоп на слободните ученички активности.
Конкретни цели:
- Креирање и истакнување на мисли од познатиот физичар Алберт Ајнштајн;
- меѓусебно дружење и комуницирање меѓу учениците од различните паралелки независно на нивната етничка припадност ;
- чувство на подеднаков придонес и заложби во реализацијата на активноста, од страна на учениците и од македонска и од турска припадност.
Таргет група : По неколку ученика од сите паралелки од втора година при гимназијата Коста Сусинов, односно, подеднаков број на ученици од паралелките каде наставата се изведува на мајчин македонски јазик и ист толкав број на ученици од паралелките со мајчин турски јазик.
Временска рамка: Оваа активност е предвидено да се реализира и заврши во текот на месец декември (секој вторник за време на седми час).
Место на реализација: во кабинетот по Физика во просториите на СОУ “Коста Сусинов”
Потребни средства за реализација на активноста: кабинет, компјутер, хамер-хартии во различни бои, фломастери, слики, дрвени боици, селотејп, ножици.
Очекувани резултати :
- организиран и креативен кабинет по Физика кој придонесува за создавање на пријатна и креативна атмосфера за работа.
На ден .19.11.2014 во склоп на часот за слободни ученички активности беа реализирани активности од проектот за меѓуетничка интeграција.
Активноста се состоеше од избор на ученици од паралелките во втора година и групирање на избраните ученици во мешани етнички групи и избирање на самите цитати и мисли со цел да се декорира кабинетот по Физика со хамери и групни изработки од учениците како од македонска, така и од турска нациналност, поточно да се изработат хамери со мисли од Алберт Ајнштајн.
Фотографии од одржаниот час за слободни ученички активности на ден 19.11.2014: