На ден 01.03.2022 година во просториите на СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш учениците што соработуваа со децата со посебни потреби од Дневниот центар „Порака“ од Радовиш одржаа хумана акција, каде што се продаваа мартинки изработени од страна на децата со посебни потреби по повод денот 1-ви Март, пречек на „Баба Марта“.
Целта на оваа акција е да се вреднува трудот на децата со посебни потреби, да се согледа дека и тие можат да направат нешто, за нив зачудувачко, проследено со многу труд и љубов. Парите од продадените мартинки се наменети за Дневниот центар „Порака“ од Радовиш.
Заинтересираноста на учениците од СОУ „Коста Сусинов“ беше голема и нашето училиште уште еднаш покажа дека овие млади луѓе во иднина ќе бидат совесни и хумани општествени чинители. Хуманата акција беше направена според правилата и мерките за заштита на здравјето во време на пандемија.