Извештај од реализација на работилница за презентирање на проектот “Youth in charge of the world” и запознавање на особеностите на Нови Сад
Тимот од наставници одговорни за проектот ”Младите одговорни за светот”, во просториите на СОУ “Коста Сусинов” на 09.10.2018 година, реализираше две работилници во кои главната цел беше запознавање и презентирање на самиот проект како и запознавање со особеностите на еден од градовите кои ќе бидат предмет на посета преку овој проект. Станува збор за проектот поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка, како и од владите на 6-те земји од Западен Балкан, чија главна цел е зголемување на соработката помеѓу младите од овие шест земји, и на тој начин овозможување на младите меѓусебно да ги спознаат вредностите и карактеристиките на различните држави од овој регион, но и надминување на предрасудите и бариерите кои постојат меѓу нив. За таа цел, беа одржани две работилници од страна на нашиот тим пред таргет групата која ја сочинуваат 34 ученици од нашето училиште.
Најпрво тимот од четирите наставници одговорни за проектот Венка Тадирова, Наташа Спасевска, Катерина Сусинова и Нина Железарска им посака добредојде на сите учесници и накратко ги презентира општите и конкретни цели од проектот, како и бројните активности кои допрва следуваат.
Општа и главна цел на проектот е: Проширување на интеркултурното ниво на толеранција, почит и толеранција кон другите култури и народи;
Специфични цели:
- Зајакнување на соработката меѓу учениците од таргет групите од училиштето апликант од една страна, и од училиштата партнери од друга странапреку мобилност, поточно преку работни посети;
- Соработка меѓу учениците од таргет групите од училиштето апликант (СОУ “Коста Сусинов”) и неговите партнери, преку изработка и оддржување на веб страна и изработка на брошура за реализацијата на самиот проект.
Мотото на проектот гласи “We learn – We earn; We share – We care; We strain – We gain; We travel – We marvel!
We are the youth and we speak the truth! When we are in charge the world will enlarge!”
По краткото претставување и меѓусебно запознавање на учениците, следуваше презентација за запознавање на убавините и позначајните знаменитости на градот Нови Сад кој ќе биде еден од дестинациите за посета на нашите ученици, и поконкретно гимназијата “Светозар Марковиќ” каде нашите претставници ќе ја реализираат работната посета.
Учениците имаа можност преку музика и краток квиз да се запознаат со јазикот, културата, местоположбата и други особености на градот Нови Сад.
Следуваше поделба на учениците во две групи од кои едната од нив ќе има можност да замине во работна посета во гимназијата во Нови Сад, додека другата група ќе ја има можноста да го посети средното стручно училиште во Јајце. Изборот на дестинациите беше направен по случаен избор (со помош на ждрепка). Беа одредени ученици кои ќе бидат задолжени за формирање на ФБ група, преку која при спроведувањето на наредните активности полесно ќе комуницираат, а која е предвидена и како активност на самиот проект.
На крај беше побарано од учениците да дадат свои размислувања за очекувањата од проектот, од посетите, како и да споделат свои идеи кои би оделе во прилог на идните активности од проектот (прилог 3).
На посетата беа поканети и присуствуваа директорот на училиштето Гоце Лазаров, претставник од педагошката служба, како и претставник од наставниот кадар на училиштето.
Сите наставници имаа можност да се запознаат со проектот преку постер и агенда кои беа закачени на видливо место во просториите на училиштето.
Во прилог се дел од фотографиите од самата работилница: