Славе Јовановски е еден од многуте успешни луѓе кои го завршиле средното образование токму во СОУ Коста Сусинов. Тој по завршувањето на средното образование добива стипендија „Ристо Гуштеров“ благодарение на талентот по математика и информатика. Стипендијата го води во Ohio University каде што студира компјутерски науки. Покрај студиите на универзитетот во слободно време работи со роботи што играат фудбал и се натпреварува на TopCoder.
Тој е избран за најдобар студент на унивезитетот со што добива можност да се пресели во Силиконската долина во Калифорнија каде првите 2 години работи за VeriSign на софтвер за автентикација за One-Time Passwords.
Денес Славе работи на проекти со кои се креира корисничката социјална заедница на “You Tube”, преку концептот на пријатели, разменување на видеа, коментари и плејлисти на видеа. Она што го создава е цел на стотици милиони корисници секој ден, па оцените кои ги добива од нив му помага да го подобри производот многу брзо.