Денес, понеделник, 30.11.2020, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи онлајн натпревар “Trash Fashion 2020”, на кој учество ќе земе и тим од нашето училиште во состав од: Марија Прастова, Верица Георгиева и Косара Ѓорѓиева, ученички од III-2.

Тие изминатите два месеци вредно работеа и направија прекрасен модел “Doctor Queen”,од реупотребливи материјали (300 кесиња, 30 блистери од апчиња, 50 отварачи од лименки, 10 цевки, 5 рентгенски снимки, парче стара завеса).

Доколку сакате да го проследите настанот, можете тоа да го сторите на Facebook страната на Trash Fashion, на линкот подолу.

Нема да има онлајн гласање, бидејќи изборот на најдобри модели ќе го прави жири комисија, но се надеваме дека ќе освоиме и некоја награда.

https://www.facebook.com/trashfashionmkd/posts/4017188921643984?notif_id=1606749343005880&notif_t=live_video_schedule_broadcaster

Превод »