Како дел од програмата на проектот „Access”, а воедно и како награда за нивното залагање во сите активности направени досега, учениците го посетија главниот град – Скопје.

Тие таму се сретнаа со коррдинаторот на проектот Стела Пијанманова и асистентот на проектот Тамара Ристовска, кои за нив имаа испланирано неколку забавни активности за тој ден.

Најпрво, учениците беа на кино проекција на најновиот филм за Џејмс Бонд „No Time to Die” во киното „Cineplexx”, потоа имаа кратка прошетка на убавото есенско време по булеварот „Илинденска”, и стигнаа до арената „Борис Трајковски”, каде учествуваа во игри со куглање. На крај одвоија малку време и за пазарување во новиот трговски центар „East Gate”.

И учениците, и нивните професорки, како и организаторите на проектот беа многу задоволни од се што се случуваше тој ден, кој ќе им остане врежан во сеќавањата како време поминато во одлична дружба и забава!

Превод »