Во акцијата се вклучија голем број наставници, родители и ученици и дадоа свој придонес со купување на Божиќен украс. Сите производи “Божиќни украси” беа направени од вредните раце на овие ученици, од рециклирачки материјали, а со нивните вештини и креативни умови, и со голема желба да помогнат на едно детенце, да го израдуваат во пресрет на Новата година.
Да се подарува е хумано, да се сака е човечки, а кога подаруваме со љубов – тогаш желбите и целите се реализираат.
Голема благодарност до сите хумани луѓе.
ACCESS тимот под менторство на проф. Катерина Сусинова и проф. Наташа Спасевска.