Драги ученици, наставници, вработени …
Нека ни е честит патрониот празник на нашето училиште „Коста Сусинов“, со желба за многу успеси во годините што претстојат.
Чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Со одбележувањето на нашиот патрон, ние го одбележуваме и постојаниот растеж на ова училиште.
Во време кога наставниот процес се одвива на еден поинаков начин од оној на кој сме навикнати, сакам да упатам голема благодарност за работата на наставниот кадар, за вложеноста во периодов, како и за посветеното работење на своите професионални обврски. Исто така сакам да им се заблагодарам на учениците за големата одговорност, соработка и трпение во изминатиот период со желба за што поскоро враќање во училишните клупи.
Со почит,
Директор на СОУ „Коста Сусинов“-Радовиш
Гоце Лазаров