Рудникот “Бучим”, филијала наГрупацијата Солвеј Инвестмент во Македонија, го отвори својот годишен повик зa програмата Стипендирање за музичкиот камп Солвеј. Изборен дел исто така се организира и во градови во Украина и Гватемала, каде што се лоцирани дел од фирмите на Групацијата Солвеј.
Децата кои имаат некој роднина вработен во Бучим, како и ученици од уметнички групи и образовни институции, поддржани од компанијата, кои што имаат некаков талент во музика, применета уметност, етнички занает, театар, или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да учествуваат во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде од 14 – 17 години.
Стипендиската програма на Меѓунардониот Солвеј музички камп за кандидатите на младинскиот музички камп, се состои од изборен дел во два дела и се доделува од заедничка одлука на жирито. Жирито е претставувано од страна на Салцбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Одборот на Групацијата Солвеј Инвестмент. Жирито ќе ја оценува креативноста на кандидатите, нивното уметничко, театарско или музичко образование, како и комуникативните вештини, а не бројот на дипломи или уверенија што кандидатот ги има освоено.
Има вкупно 15 слободни места за областа на Радовиш во првиот дел од изборната програма. Пријавувањето започнува на 20 ноември, 2018. Крајниот рок за поднесување на пријава е 20 декември, 2018.
Во првиот изборен дел, одбраните 15 кандидати ќе треба да посетуваат 20-неделен курс по Англиски јазик, за да дојдат до вториот дел на елиминација, кој ќе биде на крајот од април, 2019 година. Кандидатите ќе се квалификуваат за втората фаза со изработка на креативна видеопрезентација во времетраење од 90 секунди. Видеата мора да бидат снимени на Англиски јазик, и кандидатот мора да ги презентира и покаже своите способности и таленти во некоја од уметничките дисциплини.
Двајца од најкреативните, најкомуникативните, најспособните и најталентираните финалисти ќе бидат избрани за патување во Салцбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела на Салцбуршкиот музички камп за деца и младинци, кој што ќе се одржи во август, 2019, во Австрија.
Во летото 2018, Верче Андонова и Костадин Атанасов од Радовиш ја претставуваа Македонија во Салцбург.
При нивното обраќање на кандидатите за 2019, минатогодишните стипендисти на Солвеј изјавија дека неделата што тие ја поминале во Салцбург била од големо значење за нив, исто како и сите делови од изборниот процес додека да бидат избрани за стипендисти. На часовите по Англиски јазик тие се стекнаа со вештина и умешност да комуницираат на Англиски јазик.
Тие исто така објаснија дека зборувањето на ист јазик (Англиски) со останатите ученици и ментори во кампот им помогнало да се запознаат подобро со новите познајници, како и да ги зголемат своите креативни вештини.
За повеќе детали, како и за пријавување за Стипендијата за музичкиот камп Солвеј ве молиме посетете ја интернет страницата: