Лоцирано во источниот дел на градот со добар транспортен пристап до него, училиштето опфаќа ученици од општините Радовиш, Конче, а еден мал дел и од соседните општини. Основано е во далечната 1960 година на Народниот одбор на општина Радовиш со решение број 01-4058 од 25.08.1960 година го основа училиштето под називот Страшо Пинџур. Во учебната 1960/61 година во училиштето учеле 38 ученика, за да сега бројот на учениците достигне до 580. ​ ​

Местоположбата на училиштето овозможува комуникација со поголем број ресурси со кои располага опкуржувањето: културни, образовни, здравствени, спортски, стопански и нестопански објекти. Од својот почеток па се до денес училиштето постигнува солидни резултати во своето работење кои овозможија афирмација на локално ниво и пошироко. За ова сведочат голем број доделени награди и признанија. Училиштето ќе продолжи и понатаму со постигнување на нови успеси. ​

 

Се бележат 64 години неуморно чекорење по патеките на образованието, со различно име но со цврст став:

СО УЧЕНИЦИТЕ –ЗА УЧЕНИЦИТЕ ​

 

  • 1960 / 61 година – гимназија Страшо Пиџур
  • 1977/78 година – гимназија Коста Сусинов
  • 1982/83 година –ЦСНО Јосип Броз
  • 1993/94 година – ЦСНО Коста Сусинов
  • 1999/2000 година – ДСУ Коста Сусинов
Превод »