Од вкупно пријавени 40 ученици, беа избрани 25 ученици, според прописите на проектот BRAVE (ХРАБРИ), кои на 10. февруари, 2023 година, ја остварија својата прва средба.
Координаторот на проектот проф. Катерина Сусинова ги запозна учениците со целите, активностите, и очекувањата од проектот, кој вклучува 5 работилници и настани поврзани со темите хуманост, медумска писменост, животна средина, булинг и култура.
Всушност самиот наслов на проектот претставува акроним од тие 5 теми:
Be humane! – Хуманост!
Real or fake? – Реални или лажни (вести)?
Act responsibly! – Активирај се!
Victim or victor? – Булинг жртва или насилник?
Enhance culturally! – Развиј се културно!
Итн…
Учениците беа задоволни од оваа прва средба и се подготвени да ги покажат своите способности, знаења и вештини во претстојните работилници и настани, а се разбира и да научат нешто ново кое подоцна ќе го споделат и со своите соученици.