Во рамките на проектот BRAVE, на 12. април, 2023, беше реализирана четвртата работилница “Bullying – Victim or victor?!?”, со учениците – учесници во проектот, од нашето училиште СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш.
Работилницата која, беше раководена од страна на проф. Нина Железарска, опфаќаше активности поврзани со врсничкото насилство или ‘булинг’ кај адолесцентите. Главната цел беше подигање на свеста и емпатијата кај младата полулација за последиците од врсничкото насилство, како и препознавање на ваков вид на однесување. Меѓу другото учениците преку различни активности се запознаа со начините како да реагираат доколку се затекнат во такви ситуации, како да се однесуваат за да се намали оваа зачестена појава меѓу младите и како и каде да бараат поддршка.
Како последователен настан, учениците ќе изработат флаери со информации за темата ‘булинг’, кои ќе бидат поделени во сите класови во училиштето, со цел да се развие свеста кај сите ученици за штетните последици од оваа појава, и за тоа како таа да се препознае и спречи.