На ден 24.03.2023 во ССОУ „Коле Неделковски“ Велес се одржа регионалниот натпревар по стручни предмети од електротехничка струка организиран од Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Р. Македонија.

Нашиот ученик Делегов Јован од III година постигна одлични резултати и обезбеди учество на државниот натпревар кој ќе се одржи на почетокот од месец мај.

На натпреварот беа опфатени предметите „Објектно ориентирано програмирање“, „Процесно управување“, „Основи на автоматско управување“ и „Основи на дигитални системи“.

Ментори на ученикот беа професорите по стручни предмети од електротехничка струка: Сашо Ристов и Борче Алексов.

Честитки!

Им посакуваме многу среќа на ученикот и менторите и на државниот натпревар!

Превод »