Ефтим е роден во Радовиш и своето средно образование го заврши во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш. Тој има дипломирано на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 година, а магистрирано на истиот факултет на насоката Интелигентни информациони системи во 2010 година, со магистерска теза од областа на податочно рударење.
Во текот на студирањето континуирано е наградуван за успешно студирање. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје работи од 2010 година како демонстратор.
Неговите наставни обврски вклучуваат подготовка и изведување на аудиториски и лабораториски вежби по предмети од областа на дистрибуирани компјутерски системи, алгоритми за анализа на податоци и интелигентни информациони системи, додека неоговото практичното искуство се состои од дизајн и имплементација на разновидни софтверски решенија стекнати при работењето во НИ ТЕКНА – Интелигентни технологии.
Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено десетина научни трудови на меѓународни конференции. Негови активни полиња на научен интерес се: машинско учење, податочно рударење, експертни системи, системи за поддршка на одлуки, интелигентни информациони системи, бази и складишта на податоци, безжични сензорско-акторски мрежи и други.
Ефтим е еден од повеќето успешни личности кои претставуваат гордост за СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш.