Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш се вратија со 7 освоени медали на Образовното Рандеву на МАССУМ кое се одржа во Крушево на 2 и 3 Мај.

Младинската Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија или МАССУМ секоја година организира ученички натпревари во различни категории за учениците од средните стручни училишта од цела Македонија. Асоцијацијата постои од 2006 година и има за цел да го подобри и збогати животот на младите, да ги унапреди нивните можности и потенцијали за лидерство, комуникација, тимска работа и слично.

Домаќини на овој настан оваа година беше СОУ „Наум Наумовски- Борче“ од Крушево. Натпреварите се одвиваа во 16 категории и тоа:

  1. Најдобро интервју за работа

2.Модна ревија

  1. Најдобар пингпонгар

  2. Најдобар јавен говор

  3. Маркетинг план

  4. Поетска творба

  5. Драмска претстава

  6. Најдобра фотографија

  7. Најдобра екипа во серва

  8. Најдобра екипа во Street ball

  9. Видео реклама

  10. Веб страна

  11. Најдобар бенд

  12. Најдобар филм

  13. Кариерно портфолио

  14. Најдобар штанд

Нашето училиште СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш освои 7 медали, односно 1 златен медал за најдобар пинг-понгар и 6 бронзени медали за најдобар штанд, веб страна, интервју за работа на македонски јазик, музички бенд, драмска претстава и пинг-понгарка.

Ова се наградените ученици и професори од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш:

1. Прво место – Најдобар пинг-понгар

  • Венко Стојанов

– проф. Љупче Атанасов

2. Трето место – Најдобра пинг-понгарка

  • Марија Крстева

– проф. Љупче Атанасов

3. Трето место – Најдобра web страна

  • Борис Тадиров

  • Виктор Спасевски

  • Ѓорги Јосифов

– проф. Славица Костадинова

4. Трето место – Најдобар музички бенд

  • Александар Лозналиев

  • Виктор Спасевски

  • Методија Трпков

  • Ангел Јовевски

  • Јасмина Филипова

  • Озџан Раимов

– проф. Рушка Евтимова

5. Трето место – Најдобар штанд

  • Роберт Димов

  • Кристијан Василев

  • Славе Кордов

  • Клементина Атанасова

– проф. Вера Ѓоргиева и Дејан Милчевски

6. Трето место – Интервју за работа (македонски јазик)

  • Ели Ѓоргиева

– проф. Миле Арсов и Наташа Спасевска

7. Трето место – Најдобра драмска претстава

  • Ана Ѓоргиева

  • Павлина Дончева

  • Мартин Наков

  • Ели Ѓоргиева

  • Емилија Гичева

  • Симона Ристова

  • Марија Пандева

  • Милена Вантова

  • Александра Панева

  • Јасмина Филипова

  • Виктор Спасевски

  • Викторија Божинова

  • Деана Митева

  • Александар Лозналиев

– проф. Миле Арсов

Превод »