Историјат за училиштето

patronatВо  моменти на тешки услови со големо оспорување од струмичани кои веќе имале гимназија се направиле првите заложби за отварање на гимназија во Радовиш.За решавање  на оваа прашање тогашните локални власти го известиле Општинскиот одбор во Радовиш кој донесе одлука да се започне со изградба на зграда за гимназија во Радовиш.Со многубројни понатамошни оспорувања, но со разбирање од секретарјатот за образование во тоа време во 1954 година се започна со изградба на зградата за гимназија. Всушност тоа беше истата зграда што изгоре во 2008 година ,а беше лоцирана и изградена на местото на бившата жандармерска станица.Во 1958 година со работа започна гимназијата . За изградба на оваа зграда тогашните извоиле по една плата на рати. Во текот на времето гимназијата го менувала своето име:

  • 1960 / 61 година – гимназија Страшо Пиџурpatronat
  • 1977/78 година – гимназија Коста Сусинов
  • 1982/83 година –ЦСНО Јосип Броз
  • 1993/94 година – ЦСНО Коста Сусинов
  • 1999/2000 година – ДСУ Коста Сусинов

Во учебната 1960/61 година во училиштето учеле 38 ученика, за да сега бројот на учениците достигне до 890. ​Токму таа прва генерација денес прославува педесет години од матурирањето.  Денес гимназијата лоцирана во источниот централен дел на градот со добар транспортен пристап до него, училиштето опфаќа ученици од општините Радовиш, Конче, а еден мал дел и од соседните општини, па и пошироко.

patronat kosta susinov

Денешната местоположбата на училиштето овозможува комуникација со поголем број ресурси со кои располага опкуржувањето: културни, образовни, здравствени, спортски, стопански и нестопански објекти. Од својот почеток па се до денес училиштето постигнува солидни резултати во своето работење кои овозможија афирмација на локално ниво и пошироко. За ова сведочат голем број доделени награди и признанија.

             СО УЧЕНИЦИТЕ –ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Прва генерација на матуранти 1960/1964

  1. Божикарова Катерина
  2. Здравева Марика
  3. Костова Лилјана
  4. Свиркова Ванге
  5. Манева Даница
  6. Србакова Велика
  7. Келкоцева Невена
  8. Чефиева Каменитa
  9. Темкова Зујица
  10. Тодоров Борис
  11. Трајанов Петар
  12. Трајков Борис
  13. Гозев Коце
  14. Петачки Ѓорги
  15. Митев Ефтим
  16. Тунџев Димитар
  17. Чачарева Лилјана
  1. Христов Коста
  2. Чабуков Димитар
  3. Делев Ристо
  4. Здравева Спасенка
  5. Иванов Ефтим
  6. Келтановска Ташка
  7. Коцев Глигор
  8. Манева Даница
  9. Масларов Трајко
  10. Мурадинова Ленче
  11. Паневска Лилјана
  12. Поцков Коста
  13. Свирков Димитар
  14. Стефчева Роза
  15. Ташева Даница
  16. Тодорова Гиша
  17. Таковски Благој

Превод »