Државен натпревар по информатика

Здружението на информатичарите на Македонија, на 19.03.2022 г. по триесет и трети пат го организираше државниот натпревар по информатика, во областа на програмирањето. На натпреварот беа опфатени ученици од основното и средното образование кои поседуваат знаења од програмирање во C++.

Натпреварот се одржа на три локации со цел да се запазат КОВИД мерките за негрупирање на учениците.

Гимназија „Добри Даскалов“, Кавадарци беше една од локациите на која учествуваше нашиот ученик Никола Костадинов од трета година кој според конечните резултати се стекна со III награда.

Браво Никола!
Ти посакуваме многу успеси понатаму!

Превод »