ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО СОУ „КОСТА СУСИНОВ“ – РАДОВИШ

Во пресрет на 21. Март, денот на екологијата, учениците од СОУ ,,Коста Сусинов”, реализираа еколошка акција – пресадување на стари цвеќиња и засадување на нови под менторство на професорот по биологија Славе Трајанов.

Во чест на планетата Земја, а воедно и подигање на свеста за зачувување и зајакнување на стремежот за одржување на чиста и еколошка средина, активноста беше проследена со голем интерес од страна на учениците.

Оваа активност беше изведена со голем интерес, каков што се очекува за постигање на резултати во подобрувањето на животниот квалитет, кој е во тесна поврзаност со начинот на кој водиме грижа за нашата зелена планета. Со ова младите покажаа дека пламенот на свеста не е згаснат, и љубовта спрема природата постои на секое старосно скалило. Во или вон училиште, активноста продолжува!

Превод »