По повод 21. Март, Денот на екологијата во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш беа одржани неколку еко работилници во кои учествуваа наставниците и учениците.
Во дел од работилниците имаше дискусии околу одредени ЕКО ФАКТИ: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ кои им беа прочитани на учениците. Сите ученици се согласија дека за секој од овие факти треба да се посветува посебно внимание во текот на нивното секојдневие. Дел од овие факти беа:
- водата од чешмите кои што не се добро затворени капе со околу 1 капка во секунда, што на месечно ниво изнесува околу 624 литри. Тоа е повеќе вода отколку што му е потребна на просечниот човек за нормално функционирање во рок од 2 седмици.
- Околу 30% од енергијата во зградите се користи неефикасно и непотребно;
- Просечниот статичен компјутер користи 80 W, лаптопот околу 20W електрична енергија, а Sony Play Station користи нешто помалку од 200W; итн.
Имаше и работилници во кои учениците на хамери ги испишуваа своите идеи и мислења за обновливите и необновливите извори на енергија.
Дополнително, беа изработени хамери со ЕКО пораки кои се поставени во училиштето, а беа посадени и цвеќиња.