Младинската Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија или МАССУМ секоја година организира ученички натпревари во различни категории за учениците од средните стручни училишта од цела Македонија. Асоцијацијата постои од 2006 година и има за цел да го подобри и збогати животот на младите, да ги унапреди нивните можности и потенцијали за лидерство, комуникација, тимска работа и слично.

massum 2015 - sou kosta susinov radovis

На МАССУМ – Образовното Рандеву кое оваа година се одржа во Велес на 17. и 18. Мај нашите ученици освоија 7 медали во различните категории на натпреварување, односно 2 златни медали за најдобар пинг-понгар и најдобра пинг-понгарка и 5 сребрени медали за најдобар штанд, веб страна, интервју за работа на англиски јазик, јавно говорење на македонски јазик и соло изведувач.

Ова се наградените ученици и професори од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш:

1. Прво место – Најдобар пинг-понгар

– Венко Стојанов

– проф. Љупче Атанасов

2. Прво место – Најдобра пинг-понгарка

– Катерина Даова

– проф. Љупче Атанасов

3. Второ место – Најдобра web страна

– Борис Тадиров

– Давид Ристов

– Спаско Силјаноски

– Микерем Јашарова

– проф. Славица Костадинова

4. Второ место – Најдобар соло изведувач

– Озџан Раимов

– проф. Рушка Евтимова

5. Второ место – Најдобар штанд

– Кристијан Ѓоргиев

– Маријан Здравев

– Спаско Силјаноски

– Павле Божинов

– Стојан Ристов

– Никола Димов

– Станков Ѓорги

–Кацарска Цветанка

– проф. Ѓорги Лахтов и Дејан Милчевски

6. Второ место – Интервју за работа (англиски јазик)

– Магдалена Трпкова

– проф. Наташа Спасевска

7. Второ место – Јавно говорење (македонски јазик)

– Александар Каранфилов

– проф. Катерина Диманова

Инаку натпреварите се одвиваа во 16 категории и тоа:

1. Најдобро интервју за работа

2.Модна ревија

3. Најдобар пингпонгар

4. Најдобар јавен говор

5. Маркетинг план

6. Поетска творба

7. Драмска претстава

8. Најдобра фотографија

9. Најдобра екипа во серва

10. Најдобра екипа во Street ball

11. Видео реклама

12. Веб страна

13. Најдобар бенд

14. Најдобар филм

15. Кариерно портфолио

16. Најдобар штанд

Превод »