“Inclusive school is a school where:
every child is welcome,
every parent is involved,
every teacher is valued.”
Нашето училиште СОУ Коста Сусинов е вклучено во заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа наречен Регионална поддршка за Инклузивно образование наменет за земјите од Југоисточна Европа со една и единствена цел: Прифаќање на различностите во образованието
Во Тирана, соседна Република Албанија, се одржа Регионална конференција на 6 и 7 ноември 2013 година на која присуствуваа претставници од нашето училиште. На конференцијата се поставија темелите на овој проект.
Се заснова визијата за образование кое ја почитува различноста:
Секое дете учи. Децата учат многу повеќе во безбедно и среќно опкружување. Инклузивното образование е составен дел од училишниот развој. Секое училиште, секој наставник, секое дете, секој родител се вреднува и се поддржува. Различноста се препознава, цени и вреднува од секој во образовниот систем.
Која е реалноста за инклузивноста и различноста во образованието?
Колку се училиштата инклузивни?
Кои се бариерите во секојдневното образование кои не прават несреќни и не ни дозволуваат да одиме напред?
Ајде сите заедно да ги надминеме тие бариери!
Нека нашето училиште биде средина каде секое дете ќе биде добродојдено, секој родител ќе биде вклучен и секој наставник ќе биде ценет и вреднуван, со посебна почит кон различноста што секој ја поседува.
http://pjp-eu.coe.int/web/inclusive-education/regional-conference
http://pjp-eu.coe.int/web/inclusive-education/gymnasium-kosta-susinov-radovis
http://pjp-eu.coe.int/en/web/inclusive-education/gymnasium-kosta-susinov-project