Административна служба

Љубица КоцеваТехнички секретар – Благајник

Љубица Коцева е родена на 09.05.1991 во Радовиш. Своето средно образование го има завршено во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш во 2009 година. Се запишува на Економскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во 2009 година и дипломира во 2014 година со што се стекнува со факултетска диплома – финансиски менаџмент. Во 2021 година ги завршува своите постдипломски студии „Стратегиски менаџмент на човечки ресурси“ на Економскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.

Љубица постојано работи и се усовршува. Таа поседува Сертификат за HRM на Р.С Македонија од Министерство за информатичко опшество и администрација и Сертификат за практично водење на сметководство од Образовен центар Конто Профит Скопје.

Во септември 2015 година започнува со работа во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, како Технички секретар – Благајник. Дел од работните задачи кои ги извршува се: администрирани информации за плата, боледување, одмори, платено отсуство и се друго поврзано со плата на вработените, пресметка и евиденција на задршки од плата, казни, престанок на работни односи, неплатени отсуства, одржување на податоците за вработените и ажурирање на сметки и записи за вработување, водење на архива на училиштето и др.

Македонка Илиќ – Секретар на училиштето

Родена е на 27.12.1981г. во Радовиш. Завршува високо образование во 2005 година на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на Правниот факултет и се здобива со звање – дипломиран правник. Таа своето средно образование го има завршено во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш во општа гимназија во 2000 година. (тогаш ДСУ К. Сусинов)

За прв пат се вработува во училиштето во март 2011 како наставник по Вовед во правото, а потоа во февруари 2012 како секретар на училиштето па до ден денес.

Превод »