Теоретската настава се организира во гимназиското и стручното образование според соодветните наставни планови и програми, на македонски и турски наставен јазик.

Практичната настава се организира во геолошко-рударската и металуршката струка како и во електро-техничката струка. Од минатата година во нашето училиште е воведена машинска струка, а од оваа година учениците во прва година исто така ќе имаат можност да се запишат во градежно-геодетска струка. Од минатат година исто така наставата во геолошко-рударската и металуршка струка се реализира по принципот на дуално образование во соработка со фирмите Бучим и Боров дол.

Во геолошко-рударската и металуршката струка практичната настава е застапена со 34 часа и  тоа во II година – 6 часа, III  година – 6 часа и IV година – 5 часа и се реализира во просториите на училиштето. Исто така опремата од Училишната компанија (проект на УСАИД) се користи за потребите во наставата од металуршката струка.

Според планот за работа истата ги опфаќа сите ученици од геолошко-рударската и металуршка струка  ангажирани според своите афинитети и вештини од металуршко-златарската дејност. Практичната настава во електротехничката струка е застапена со 5 часа во II година, 6 часа во  III  година и 4 часа во  IV  година. Истите имаат 10 дена феријална пракса во трета година.

Поради недостигот од  просторни капацитети и големиот број на паралелките, работата во училиштето се одвива во две смени и тоа:

–  прва смена со почеток во 7 :30 до 13:25 часот;

–  втора смена со почеток во 13:30 до 19:25 часот;

Во една смена се изведува настава за учениците од втора и четврта година (16 паралелки), а во другата смена прва и трета година (16 паралелки).

Воспитно-образовната дејност во текот на  оваа учебна година се реализира во вкупно 177 наставни денови и 163 наставни денови за завршната година на образованието.

Покрај редовната настава за учениците е организирана:

а) додатна настава за надарени и талентирани ученици кои побрзо напредуваат во совладувањето на програмските содржини со можност за забрзано напредување;

б) консултативна настава се организира за ученици кои напредуваат забрзано во усвојувањето на програмите и за ученици кои се стекнуваат со средно образование по вонреден пат.

в) дополнителна настава се организира за ученици кои од разни причини имаат потешкотии во совладувањето на програмските содржини.

Додатната и дополнителната настава се изведуваат според посебно изготвени програми од страна на предметните професори и реализацијата на истата е евидентирана во дневниците на паралелката.

Проектните и воннаставните активности, како и слободните часови на училиштето во стручното образование, се изведуват во термините, договорени помеѓу учениците и наставниците, по завршувањето на редовната настава.

На часовите на класните заедници од I до IV година се реализира програмата за животни вештини.

Превод »