Согласно стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Програмата за работа на Владата на РСМ 2024 – 2028 година, како и активностите на Министерството за односи меѓу заедниците, се спроведе средба со цел да се направи анализа на состојбата на меѓуетничките односи во образованието и културата. Беше организирана дискусија со фокус групи со родители на ученици од II, III и IV година, на која ги споделија нивните искуства, ставови и препораки во поглед на меѓуетничките односи.

Превод »