На 16.02.2023, учениците-учесници во проектот BRAVE беа дел од првата работилница “Биди хуман!”, раководена од страна на проф. Наташа Спасевска. 

Преку разновидни активности и игри, градење на куќа од сламки и хартија, игра – стапалки и раскажи вистинита случка, учениците се натпреваруваа, се дружеа и забавуваа. А исто така и низ дискусија тие се потсетија на концептот и вредностите потребни за да бидеш човечен, или според зборовите на Махатма Ганди “Големината на човештвото не се состои во тоа да бидеш човек, туку да бидеш човечен!”

Учениците ги изразија своите ставови и мислења на темата хуманост, и покажаа дека имаат огромно познавање од темата, а воедно развивајќи ги своите способности за емпатија и добрина, благодарност и дарување, почитување и искреност, љубезност и сочувство, хуманост и пожртвуваност, добронамерност и правичност, прифаќање на различностите и подготвеност за бесплатна помош.

Учениците се исто така свесни и дека не е доволно само да се знае за хуманоста туку и дека таа треба секојдневно да се применува и негува. Па така, тие ја покажаа својата хуманост на дело, и донираа средства за настраданите од земјотресот во Турција, според спецификација на Црвениот Крст. Истите тие средства беа однесени во просториите на организацијата Црвен Крст, Радовиш, од страна на самите ученици, со цел да помогнат и да пренесат моќна порака:

Луѓето не се гладни само за леб, туку и за љубов и внимание!

*Овој проект е овозможен со грант спонзориран од Бирото за просвета и култура при Стејт департментот на САД, со парични средства обезбедени од Владата на САД, и администриран од ИРЕКС. Ставовите и информациите презентирани во проектот се сопствени на примателот на грантот, и не ги претставуваат оние на Стејт департментот на САД или ИРЕКС.

Превод »