Денес, 26.05.2022 година, четврток, во нашето училиште се одржа отворен ден за сите ученици од деветто одделение од сите основни училишта во нашата општина и општина Конче.

Нашите ученици имаа можност да ги претстават четирите струки:

  • Електро-техничка струка со 2 профили: електротехничар- енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика;
  • Геолошко-рударска и металуршка струка со 2 профили: рударски техничар и металуршки техничар;
  • Машинска струка со 1 профил: машински техничар;
  • Градежно-геодетска струка со 1 профил: градежен техничар.

Исто така и гимназиските паралелки од:

  • Природно-математичкото подрачје,
  • Општествено-хуманистичко подрачје, и
  • Јазичното подрачје.

Во рамките на кампањата ‘’Учи паметно, работи стручно’’ за промоција на предностите и можностите кои ги нуди средното стручно образование, на овој отворен ден нашето училиште беше посетено од страна на заменик Министерот за образование и наука на РСМ.

Овој ден сите заедно го поминавме во дружење, за подобро запознавање, низ разни забавни и креативни активности.

Превод »