Педагошко-психолошка служба

Виолетка Србакова – Училишен психолог

Виолетка Србакова е родена на 08.07.1966 во Радовиш. Со завршено основно и средно образование во местото на живеење, за да во 1990 година дипломира на Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје, отсек Психологија.

Во 1992 година отпочнува со работа во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, како наставник по Психологија, а од учебната 1994/95 година ја извршува и функцијата на училишен психолог.

Во текот на своето работно искуство континуирано се надоградува, со учества во проекти, обуки и семинари. Од 1996 година, со мали прекини, активно членува, како волонтер, во невладината организација ЦПЛИП Порака, а од 2012 година е на позиција претседател на дневен центар Порака – Радовиш.

Емилија Котева Ристова – Училишен педагог

Емилија Котева Ристова е родена на 11.07.1988 во Штип. Своето средно образование го има завршено токму во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш. Своето високо образование го има завршено на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија при Универзитетот ,,Кирил и Методиј,, – Скопје, со што се стекнува со звање дипломиран педагог и м-р по Педагошки науки.

Во 2017 година започнува со работа во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш на работна позиција училишен педагог и професор по предметот педагогија (изборен наставен предмет) во III година.

Превод »