На ден 06.04.2022г. група ученици од I и III година од СОУ „Коста Сусинов“ кои реализираат настава на македонски и турски наставен јазик беа на организирана посета на неколку значајни места во Скопје.
Оваа организирана посета е прва од повеќето планирани активности поддржани со грант од Министерството за образование и наука за заеднички ученички активности. Целта на овие активности е да се овозможи равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата помеѓу учениците.
Учениците посетија повеќе значајни места во Стара скопска чаршија, почнувајќи од црквата „Св.Димитриј“ и „Даут-Пашин амам“ (стар амам) каде е сместена „Националната галерија“. Потоа го посетија „Сули ан“ кој се наоѓа во внатрешноста на Старата скопска чаршија и кој претставува седиште на „Ликовната академија“. Учениците продолжија кон „Мустафа-Пашината џамија“ и „Скопската тврдина – Кале“ каде имаа можност да се фотографираат и да уживаат во прекрасниот поглед на градот Скопје. Учениците имаа можност да ја посетат и црквата „Св. Спас“ – која претставува споменик на културата и место каде се наоѓа гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Потоа учениците имаа слободно време за прошетка низ плоштадот „Македонија“ и „Градскиот трговски центар“, како и новиот трговски центар „East Gate Mall“.
Во текот на следните неколку месеци е планирано да се реализираат и останатите предвидени активности со кои ќе ги промовираме мултиетничките и мултикултурните вредности.