Државен натпревар по стручни предмети од електротехничка струка

На 04.05.2023 и 05.05.2023 во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид се одржа државниот натпревар по стручни предмети од електротехничка струка организиран од Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Р. Македонија.

На натпреварот учествуваше нашиот ученик Делегов Јован од III година под менторство на професорите по стручни предмети од електротехничка струка Сашо Ристов и Борче Алексов.

Јован учествуваше во натпреварувачкиот дел во кој беа опфатени теоретско и практично тестирање од предметите „Објектно ориентирано програмирање“, „Процесно управување“, „Основи на автоматско управување“ и „Основи на дигитални системи“ и освои пофалница.

Честитки за ученикот и менторите!

Превод »