Нашите ученици – стипендисти на двегодишната програма Аксес, финансирана од Американската амбасада во Скопје, организирана од страна на МЦГО, успешно ја завршија истата и се здобија со сертификати.

Во четвртокот, на 19.11.2026, групата ученици – стипендисти на програмата Аксес од нашето училиште, заедно со групите од Велес и Пробиштип, кои исто така во изминатите две години беа вклучени во оваа програма, присуствуваа на свечено доделување на сертификати во Синеплекс, Скопје.

На настанот присуствуваа претставници од МЦГО, г-дин Бесник Рамадани и г-ѓа Стела Пијанманова Стојанова, како и еминентни претставници од Амбасадата на САД во Скопјe, г-ѓа Борка Талевска и Заменикот за односи со јавноста, г-дин Чарлс Сантијаго Моралес, кој срдечно им посака добредојде на учениците и им се обрати со зборови на охрабрување и признание. Тој им додели сертификати на наставниците – ментори во програмата, Катерина Сусинова и Наташа Спасевска, а наставниците им врачија сертификати на учениците, одбележувајќи го нивното успешно завршување на програмата.

Учениците имаа можност да ја прослават оваа важна завршница, да ги споделат своите искуства и да ги зачуваат незаборавните моменти преку фотографии. По формалниот дел од настанот следеше проекција на филм, што им овозможи пријатен и релаксирачки заклучок на настанот. Генерално, церемонијата беше значајна пригода со која се призна вклученоста на учениците, се прославија нивните достигнувања и се заврши двегодишното учење на незаборавен начин.

*Access Micro Scholarship Program е двегодишна глобална програма за микро стипендии поддржана од Стејт департментот на САД и имплементирана од Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО).

Превод »