Самоевалуацијата на СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш претставува континуиран процес на следење, анализа и вреднување на квалитетот на воспитно-образовната работа и целокупното функционирање на училиштето. Преку овој процес се согледуваат постигнатите резултати, се идентификуваат силните страни и областите кои имаат потреба од подобрување и се утврдуваат приоритетите за понатамошен развој. Извештајот од самоевалуацијата ги содржи наодите, заклучоците и препораките кои ќе послужат како основа за планирање и спроведување конкретни активности насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање подобри услови за работа и учење.
