dimitar trajanov

Роден е 1972 година во Радовиш. Своето средно образование го завршил токму во СОУ „Коста Сусинов“ во Радвиш. Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Скопје, во 1996 и 1998 година, соодветно. Докторирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2006 година. Од 1999 година е вработен како помлад асистент на Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје, a 2001 е избран за асистент. Веднаш по докторирањето во 2006 година е избран за доцент, а во 2010 година и за вонреден професор. Откако е избран за доцент и вонреден професор држел предавања по поголем број предмети од областа на веб базирани системи, безжични компјутерски мрежи, јавни мобилни мрежи, мрежно програмирање, системски софтвер, електронска и мобилна комерција, надежност на софтверот и компјутерски архитектури. Има богато искуство и во одржување на професионал ни тренинзи, поседува инструкторски дипломи за повеќе индустриски курсеви и држел тренинзи за компании во Македонија. Публикувал повеќе од 70 трудови на меѓународни и домашни конференции, а коавтор е на четири книги. Раководел и учествувал во повеќе меѓународни и домашни научно-истражувачки проекти. Исто така раководел и со над 15 апликативни проекти. Креатор е и на веб базиран систем за поддршка на учењето, кој се користи од вработените на ФЕИТ. Научни области во кои работи се: семантички веб, безжични ad hoc мрежи, комплексни мрежи, веб апликации и сервиси, дизајнирање на системи на чип.

Превод »