Реформираното гимназиско образование се темели врз следните принципи: демократичност, стручност и автономност, индивидуализација и диференцијација, висок квалитет, интегративност и мултидисциплинарност и проодност.

Наставнот план и програмите на гимназиското образование имаат општообразовен карактер и се надоврзуваат на знаењата и вештините кои ги усвоиле учениците во основното училиште.

Во нашето училиште гимназиското образование трае четири години, така што школувањето на учениците се заокружува со полагање на матура. Наставниот план за гимназиско образование е обликуван со задолжителни предмети и изборни предмети, задолжителни изборни програми и содржини за спорт, спортски активности, музичка уметност, ликовна уметност и задолжителни изборни содржини и активности.

Ученикот од трите изборни подрачја што му ги нуди училиштето се определува за едно изборно подрачје во втора година. Бидејќи во втора година постои разлика само во еден изборен наставен предмет ученикот може да се определи за кое било изборно подрачје.

  1. Во прва година не постојат изборни предмети. Тоа значи дека прва година е иста за сите ученици во гимназиско образование.
  2. Во втора година од листата на изборни предмети (најмалку три) ученикот избира еден.
  3. Во трета година ученикот се определува за едно од трите подрачја при што на ученикот му се нуди листа на изборни предмети, односно секое изборно подрачје содржи две комбинцаии на изборни предмети и тоа:

Изборните предмети за секое од подрачјата се дадени во продолжение:

gimnazisko_brosura2

 

 

gimnazisko_brosura1

Превод »