ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА СПОРТОТ ВО СОУ “КОСТА СУСИНОВ” ВО РАДОВИШ 6ти април е Меѓународен ден на спортот за развој и мир, кој се одржува секоја година на овој ден, и претставува можност да се препознае позитивната улога што спортот и физичката активност ја играат во заедниците и во животот на луѓето ширум светот. Спортот има моќ да го промени светот, тоа е основно право и моќна алатка за зајакнување на социјалните врски и промовирање на одржлив развој и мир, како и солидарност и почит за сите. По повод овој ден, нашето училиште СОУ “Коста Сусинов” од Радовиш, организираше спортски активности кои се изведуваа во заедничка соработка помеѓу нашите ученици и учениците од паралелките од IX одделение од основните училишта во општината. На покана од страна на директорот Гоце Лазаров и во соработка со наставниците по спорт и спортски активности од нашето училиште кои го организираа настанот, средношколците и учениците од основните училишта реализираа прекрасен настан во духот на спортот, мирот и соработката.