Учениците од ACCESS проектот и нивните ментори и денес, среда 23.02.2022 год, реализираа активности предвидени од проектот. Тие одржаа работилница со учениците од ООУ “Никола Карев” од Радовиш.
Повикани беа 15 ученици кои добро го употребуваат англискиот јазик, заедно со нивниот наставник по англиски јазик Јулија Белушкова, затоа што работилницата се одвиваше на англиски јазик. Работилницата се случуваше во просториите на СОУ “Коста Сусинов”.
Исто така се реализираше и работен состанок помеѓу директорот на нашето училиште Гоце Лазаров и директорката на ООУ “Никола Карев” и класните раководители на учениците гости на работилницата.
Професорката Нина Железарска накратко ги презентираше вон-наставните активности на учениците, и нивното учество на натпревари и во проекти. Средношколците, членови на ACCESS, имаа подготвени 2 нови интересни игри „Guess the secret American” и “Film Emojis” под менторство на проф. Наташа Спасевска, со што и во оваа работилница, со новите гости се поттикна тимската соработка, споделување на знаење и вештини, како и комуникација и дружење, и при тоа победниците беа наградени.
Во текот на оваа работилница се реализираа дел од целите на “Access”, која е две-годишна програма за стипендирање поддржана од Стејт Департментот на САД, во организација на МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование, а во соработка со СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш.
Во реализацијата и на денешната активност, учениците ги почитуваа правилата и мерките за заштита на здравјето во пандемиски услови.