На 27.05.2022 учениците од СОУ„ Коста Сусинов “ од металуршката струка беа на посета на
Технолошко металуршки факултет Скопје на настанот „ Технологијата спојува: образование-наука-
индустрија“.
На настанот учениците и студентите имаа можност да се запознаат со предностите на образовните
насоки кои ги нуди факултетот, но и да разговараат со компаниите како потенцијални работодавачи.
Kомпаниите ја представија и можноста за вклученост во образовниот систем како партнери во
изведување на пракса и менторирање. Учениците добија и понуди за работа.